Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Рождество на Пресвета Богородица– Мала Богородица

Зоран Богоевски 21.09.2025

На 21.09.2025 година, на денот кога го празнуваме „Рождество на Пресвета Богородица”– Мала Богородица, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света литургија во храмот ,,Пресвета Богородица"-Тетово. Верниот народ се причести со Светите Тајни. По Литургијата беше извршен Водосвет и благословување на празничните лебови.Празнична беседа одржа митрополитот г.Јосиф.