На 13 јули 2026 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Соборот на 12-темина апостоли – Павловден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, кој чиноначалствуваше на Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница. На крајот од Светата Литургија, пригодна беседа произнесе Митрополитот г. Јосиф. А по завршувањето на Литургијата беше извршена Литија со иконата на светиот апостол Павле од храмот „Св. Архангел Михаил“ до параклисот посветен на „Св. ап. Павле“ кој се наоѓа на плоштадот во градот Виница, каде што Архиереите, во присуство на градоначалникот на Општина Виница г. Митко Костадиновски и многуброен верен народ, го благословија и пресекоа празничниот леб и извршија мал водосвет, а потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше и на Свечената седница на Советот на Општина Виница.
prevzemeno od https://bregalnickaeparhija.org.mk
Соборот на 12-темина апостоли – Павловден
Зоран Богоевски
13.07.2026
1 / 16