Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Соборот на сите Македонски Светии

Зоран Богоевски 02.10.2022

На 02.10.2022 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото вископреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.Во пригодната беседа пред верниците, митрополитот г.Јосиф потсети дека иако сите светители имаат свои празници, денешниот ден е за заедничко сеќавање на сите нив кои придонеле за афирмација на христијанството на овие простори и како што рече  на нивната големина и делата кои треба да ги паметиме и слававиме.Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.