Средба со директорот на Институтот за национална историја проф.д-р Митко Панов
04.12.2025 Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во Лешочкиот манастир го прими директорот на Институтот за национална историја, проф.д-р Митко Панов кој со повеќемина професори го посетија славниот Лешочки манастир.Ценетите гости најпрво беа запознаени со богатото културно и духовно значење на Лешочкиот манастир, а митрополитот г. Јосиф говореше за нашиот значаен духовен отец и преродбеник, неодамна канонизираниот светител Св. Кирил Лешочки (Кирил Пејчиновиќ).
