На ден 20.04.2023 година, со благослов на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во Лешочкиот манастир, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги прими протојереј ставрофор Јован Милановиќ - Ректор на богословското училиште „Св. Арсениј", Сремски Карловац, Република Србија и дванаесетмината ученици матуранти. Со историјата на Лешочкиот манастир ги запозна протоејреј Жарко Мицковски, поранешен професор во Македонската православна богословија - „Св. Климент Охридски“. Ценетите гости ги прими надележниот владика г. Јосиф и приреди трпеза на љубовта. Богословијата „Св. Арсениј“ во Сремски Карловац претставува една од најстарите и најважни просветни установи во Р. Србија. Оваа богословија е една од седумте богословски училишта кои ги има Српската православна црква. Првата српска богословија ја основал Митрополитот Карловачки Стефан во 1794 година.
Средба со матурантите од богословијата „Св. Арсениј“ во Сремски Карловац
Зоран Богоевски
20.04.2023
1 / 6