Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Средба со министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска - Стојчевска

Зоран Богоевски 14.06.2023

14.06.2023 година. Во Лешочкиот манастир, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф оствари средба министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата стана збор за  годинешните работи на реставрацијата на трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во Лешочкиот манастир - црквата Света Богородица во Лешок, каде е пронајден поголем фрагмент од 13 век. Според конзерваторите за sидно сликарство, поради големината на фрескоживописот од 13 век ќе има ретка можност да се презентира трослојното сликарство. Односно на едно место ќе може да се видат повеќеслоен фрескоживопис.