Сретение Господово
15.02.2026 на празникот Сретение Господово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештениците од гостиварското архиерејско намесништво богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица"- Гостивар. Верниот народ се причести со Светите Тајни. Митрополитот г. Јосиф на крајот од Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.
