Статии на Велики петок
На 10.04.2026 година, на Велики петок - вечер, кога го прославуваме светиот настан на Погребението Христово, во Соборниот храм “Св. Кирил и Методиј"-Тетово беше отслужена Утрена богослужба на која со жални песни погребални беше воспеано Опелото Христово. На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј Предраг Исаевски, протоереј Александар Стојаноски, протоереј Илија Сламков и ѓаконот Илија Деспотовски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.
