Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

„Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид

Зоран Богоевски 06.05.2025

На 06.05.2025 година, денот кога го празнуваме светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид,беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,во сослужение на  митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и свештеници од Дебарско-кичевската епархија.На крајот од Божествената Литургија, кон големиот број на верен народ со празнична свечена беседа се обрати Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.По литиргијата митрополитот г.Јосиф ги прекрши и благослови празничните лебови.