Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА МУЗЕЈОТ ПОСВЕТЕН НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ АРХИЕПИСКОП ГАВРИЛ

Зоран Богоевски 10.11.2026
На 10.11.2026 г. во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Радишани беше отворен музејот посветен на блаженоупокоениот Архиепископ Охридски и Македонски Гаврил.
Настанот започна со Панихида на гробот на блаженоупокоениот Архиепископ, која ја отслужи Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
По Панихидата свечено беше отворен музејот, каде што пригодни обраќања имаа Архиепископот Стефан, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-ѓа Оливера Трајковска и проф. д-р Ацо Гиревски.
На свеченоста присуствуваа и бројни гости, меѓу кои заменик претседателот на Владата за политички систем г. Љупчо Димовски, градоначалникот на Општина Бутел г. Дарко Костовски, претставници на останатите верски заедници во Македонија, свештенство и верен народ.
Новоотворениот музеј претставува траен сведок за животот, делото и духовното наследство на Архиепископот Гаврил, пренесувајќи ги неговите духовни плодови на идните генерации.
prevzemeno od : https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/gavril-muzej-2026/