Света Архиерејска Литургија во Штип

На 03 ноември 2025 година кога го чествуваме споменот на преп. Иларион Мегленски, преп. Иларион Велики и преп. Филотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на “Св. Иларион Мегленски” и на “Св. Нектариј Егински” во нас. Железничка, Штип. На крајот од Божествената Литургија, Епископот г. Јаков одржа пригодна беседа, а потоа Архиереите извршија мал водосвет и го благословија и пресекоа празничниот леб. Од името на целото свештенство, ѓаконство, монашките братства и сестринства, како и од верниот народ и духовните чеда, на богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички господин Иларион му го честитаме именденот со молитви кон Троединиот Бог да му дарува долгоденствие, телесно здравје и мудрост уште многу лета да раководи со од Бога доверената му епархија. На многаја и благаја лета Владико свети!