Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар

Зоран Богоевски 02.06.2019

На 02.06.2019 година, св. Талалеј, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот г. Јосиф, ги благослови славските лебови.