Свети Атанасиј
На 15.05.2026 година, кога го прославуваме споменот на св. Атанасиј - пренесувањето на неговите мошти, во Лешочкиот манастирот при храмот „Св. Атанасиј Велики”- Лешок, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со Светите Тајни. По завршувањето на Литургијата беше благословен празничниот колач, а Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.
