Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Свети Кирил Лешочки

Зоран Богоевски 25.03.2026

25.03.2026 На денот кога го прославуваме Светиот Кирил Лешочки, во Лешочкиот манастир беше отслужена Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на митрополитот Дебарско-кичевски г.Георгиј.На литургијата молитвено присуствуваше  Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски  г.г.Стефан и епископот Хераклејски г.Климент секретар на САС на МПЦ-ОА.Верниот народ се причести со светите Тајни.На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г.Георгиј, одржа пригодна беседа.