Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

ДА ГО ЧУВАМЕ ХРАМОТ И ДА ЖИВЕЕМЕ СО ВЕРА

Зоран Богоевски 08.11.2026
ДА ГО ЧУВАМЕ ХРАМОТ И ДА ЖИВЕЕМЕ СО ВЕРА

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ДА ГО ЧУВАМЕ ХРАМОТ И ДА ЖИВЕЕМЕ СО ВЕРА

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Амин.

 

Драги браќа и сестри во Христа,

Денес, во овој неделен ноемвриски ден, по молитвите на свети Димитриј, се наоѓаме овде во храмот посветен во негова чест за заедно да го прославиме овој голем празник и да се потсетиме на животните подвизи на светителот. Ми е особено мило што во овие празнични мигови како ваш владика се наоѓам меѓу вас тука во срцето на плоднотогорнополошко поле, во нашето македонско село Тумчевиште, каде што нашатаправославна вера битисува со векови, благодарение на вас и на вашите предци, кои со вера и љубов го изградиле и се грижеле за овој свет храм во кој ние денес литургиски смесобрани да го прославиме денешниот празник Митровден.

​Вашето село и вие сте доказ дека во овие гостиварски краишта православната вера се пренесувала од поколение на поколение: преку молитвата во домовите, прекупразнувањето на празниците и преку собирањето на народот околу своите храмови. Вератаим давала надеж на луѓето во тешкотиите, утеха во тагата и сила да истраат во доброто. Со неа растеле нашите предци, а наша одговорност е со истата љубов да им ја предадеме и на нашите деца.

​Гледајќи ве сите вас во овој храм, кој е сведоштво за верата, трудот и љубовта на оние што го подигнале и на сите што низ годините се грижеле за него – гледам дека во овасело се живее нашата православна вера и се продолжува делото на нашите предци, принесувајќи Му благодарност на Бога и достојна онака како што прилега почит на светиот Димитрија, чиј спомен го празнуваме. Собрани во овој свет храм, чувствувамеколку е драгоцено да бидеме заедно — соединети во верата во Христа и во љубовта едникон други. А нашиот небесен заштитник, светиот великомаченик Димитриј, нè повикуватокму на таква жива и непоколеблива вера.

 

Почитувани,

Во овие мигови природно е да си спомниме за житието на светиот Димитриј. Тојживеел во време кога христијанската вера била прогонувана. Но тој не се исплашил од заканите, ниту се откажал од Христа. Со цврста вера, храброст и љубов кон Бога, останалверен до крај, покажувајќи ни дека вистинската сила на човекот не е во земното богатство, ниту во човечката моќ, туку во верата, добрината и предаденоста на Божјата волја. Токмузатоа, неговиот свет пример и денес нè повикува да размислиме за нашиот живот, за нашата вера и за љубовта што ја имаме едни кон други.

Свети Димитриј не Го исповедал Христа само со зборови, туку со целиот својживот, запечатувајќи ја својата верност со маченичка смрт. Неговиот пример нè потсетувадека верата бара истрајност и тогаш кога се соочуваме со искушенија. И ние сме повиканида ја сведочиме таа наша припадност кон Христа и по излегувањето од храмот: во семејството, на работното место, во односот кон соседите и во грижата за секој човек кому му е потребна помош. Верноста кон Бога се покажува и во малите, секојдневни одлуки — кога ја избираме вистината, кога простуваме и кога правиме добро без да очекуваменаграда.

 

Возљубени верници,

Денес, во нашиот храм, покрај прославувањето на светиот великомаченикДимитриј, имаме и еден посебен чин – менувањето на старата срачица со нова. Срачицатае белата наметка со која се облекува светиот престол во олтарот. Можеби некој ќе се запраша: што значи овој чин и каква порака ни испраќа? Светиот престол има централноместо во олтарот, зашто на него се принесуваат светите дарови и се извршува СветатаЕвхаристија – најсветата Тајна на нашата вера, во која се причестуваме со Телото и КрвтаХристови. Затоа, грижата за светиот престол и неговото достоинствено украсување не е само надворешна грижа за храмот, туку израз на нашата почит и љубов кон Бога.

Белата срачица, со својата белина, нè потсетува на чистотата, на светлината и на светоста. Нејзиното обновување е можност да се потсетиме дека, како што се грижиме за убавината и достоинството на Божјиот храм, така треба да се грижиме и за чистотата на нашите души. Срачицата ја симболизира плаштаницата во која било завиткано телото на Господа наш Исуса Христа при Неговото погребение. Светиот престол, пак нè упатува кон Христовата жртва и кон радоста на Неговото Воскресение. Пред него пристапуваме со благоговение, благодарејќи Му на Господа што нè собира на Својата света Трпеза. Затоа, менувајќи ја неговата покривка, да се запрашаме и како се подготвуваме за средбата со Христа. Дали пристапуваме со покајание? Дали носиме желба да се помириме со ближниот? Дали сме подготвени љубовта што ја примаме во храмот да ја понесеме и во нашите домови?

Несомнено грижата за светиот престол е израз на нашата вера и почит кон светотоместо на кое се принесува бескрвната жртва и се служи Светата Литургија. И денешнотоменување на покривката, браќа и сестри, ни открива една длабока духовна поука. Какошто старата страчица се заменува со нова, така и ние треба постојано да се обновувамедуховно. Да го отфрлиме она што нè оддалечува од Бога: омразата, зависта, гордоста, лутината и непријателството. А во нашите срца да ги обновиме верата, надежта, простувањето, мирот и љубовта. Зашто, што ни вреди храмот да биде убав однадвор, аконашите срца се исполнети со немир? Што ни вреди да се молиме пред светиот престол, аконе сакаме да си простиме еден на друг? И што ни вреди да го славиме светиот Димитриј, ако не се трудиме да ги следиме неговите добродетели? Најубавиот дар што можеме да Муго принесеме на Бога е срце исполнето со вера, душа исполнета со мир и живот исполнетсо добри дела.

 

Возљубени браќа и сестри,

Нека денешната промена на срачицата ни биде потсетник и за потребата од обновување на нашиот духовен живот. Нека нè поттикне повеќе да се молиме, да гивоспитуваме нашите деца во верата православна, да ги почитуваме постарите, да им помагаме на сиромашните, да ги утешуваме оние што страдаат и да се трудиме почесто да ја посетуваме оваа наша црква. Во оваа прилика молитвено да се потсетиме и на оние коиниз годините го граделе и чувале ова светилиште, кое е дом на молитвата, место на нашетодуховно собирање, место каде што се крштаваат децата, каде што семејствата се молат за своите најмили и каде што, од поколение на поколение, се чува православната вера. Затоа, должност на сите нас е да го чуваме овој свет храм, да го почитуваме и да го оставиме какодуховно наследство на нашите деца и внуци. Денес, кога извршивме промена на срачицатана светиот престол, да не заборавиме дека и верата треба да ја пренесуваме на иднитепоколенија. Да им оставиме на нашите деца не само материјални добра, туку и нешто многу повредно – вера во Бога, љубов кон ближниот, чесност, човечност и почит кон светото. Нека обновувањето на страчицата на светиот престол биде потсетник дека и нашите срца треба постојано да се обновуваат во верата, а љубовта кон Бога и кон ближниот да се пренесува од поколение на поколение.

На крајот, да Му се помолиме на Господа Исуса Христа, по молитвите на светиотвеликомаченик Димитриј, да го благослови нашиот храм, нашето Тумчевиште и сите негови жители. Да се помолиме како што светиот Димитриј останал непоколеблив во верата, така и ние да останеме цврсти во нашата православна вера, да живееме во слога и меѓусебна почит и никогаш да не заборавиме дека сме повикани да бидеме сведоци на Христовата љубов во овој свет. Господ да ни подари здравје на телото и душата, мир во нашите домови, слога во нашите семејства и љубов во нашите срца.

Нека Семилостивот Бог ги благослови сите што со труд, љубов и пожртвуваност се грижат за овој храм. Нека им подари здравје, сила и духовна радост, а нивните добри дела нека бидат пример за сите нас.

​Да се помолиме светиот Димитриј да биде наш молитвеник и заштитник, а неговиот пример нека нè води кон поголема вера, смирение и добрина.

За многу години Митровден и честита храмовата слава! Амин!

Споделете ја страницата