LI-та генерација матуранти
Ваше Блаженство, Ваши високипреосвештенства, Ректоре, почитуван декане на Богословскиот факултет, ценети гости, професори во МПБ и драги матуранти.
По милоста Божја и по вољата на САС на МПЦ-ОА, ми се даде посебна чест да бидам пратеник на LI-та генерација матуранти во учебната 2018/2019 година. Оваа обврска за мене преставува посебна радост и задоволство, затоа што преку моето присуство за време на матурскиот испит и јас се вградив во делото на оваа исклучително добра генерација на МПБ Свети Климент Охридски раководена од Ректорот Митрополит господин Агатангел, ценетите професори и класниот раководител. Зрелосниот испит на овогодишните тринаесет матуранти започна онака како што е пропишано во статутот на Богословијата. Најпрвин беше направена писмената работа, а потоа следеа предметите од усниот дел.
Сите тринаесет ученици најпрвин го положија писмениот дел, кој всушност претставува и услов за полагаwе на усните испити.Писмениот дел е положен со општа оценка мн. добар (3.60). Свето писмо на Стариот и Новиот завет, мн. добар (3.90). Православна Догматика мн. добар (3.85). Црковно и брачно право мн. добар (4.00). Литургика мн. добар (4.00). Христијанска историја и Историја на МПЦ мн. добар (3.90). Црковно пеење мн. добар (3.60). Типик мн. добар (3.60). Општ успех на зрелосниот матурски испит е мн.добар (3.80). Почитувани матуранти, богословското образование кое го започнавте пред пет години, а еве денес го завршувате се надевам дека нема да биде и крај на вашето богословско образование во вашиот живот, туку сега ве}е збогатени со ново животно искуство }е продолжите со поголема надеж, вера и qубов во Бога да се усовршувате во православното богословие. Вашето идно богословско усовршување ќе биде од големо значење како за вашето лично спасение, така и за спасението на останатите лу|е кои ќе ви бидат поверени во вашите идни мисии во Црквата, па затоа, ...бидете мудри и бодри во молитвите. А пред се, имајте постојана qубов меѓу себе; оти љубовта покрива многу гревови (1Птр 4,7- 8). Заминувајки денеска од оваа богословско просветна институција, ви посакуваме да останете богослови во вистинска смисла на зборот и ви посакуваме да бидете вистински и достојни сведоци на името Божјо во вашиот живот.
А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во нас, тоа вршете го - и Бог на мирот ќе биде со вас (Фил 4,8-9)! Амин.