Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

ТОРЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИСКА ПРОСЛАВА ЗА ПРАЗНИКОТ РОЖДЕСТВОТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СКОПЈЕ

Зоран Богоевски 21.09.2024

На 21.9.2024 година, кога Црквата го празнува Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан –  во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј и со Нeговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент – богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
На Литургијата сослужуваа и: архимандритот Методиј, игумен на светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Сергеј од Новограчаничко-средно западно амриканската епархија на Српската Православна Црква, игумен Павле од Захумско-херцеговската епархија на Српската Православна Црква, јеромонах Некатариј Хиландарски и јеромонах Роман од манастирот „Св. Василиј Острошки“ во Црна Гора, како и свештенослужители од Скопската епархија.

Превземено од Скопска епархија