Воскресението Христово
На 12.04.2026 година во Светлата ноќ на Воскресението Христово, по трикратниот опход околу храмот и по објавата на најрадосната вест, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Предраг Исаевски и ѓакон Илија Деспотовски отслужи Света Божествена Златоустова Литургија во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. На Литургијата се прочита Велигденското послание од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ-ОА. На Божествената литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
