Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден

Зоран Богоевски 27.09.2026

На 27.09.2026 година, Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир. Пред започнувањето на Литургијата, според Црковниот типик, насреде храмот беше изнесен Светиот Крст каде што беше воздвижен, а свештенството и верниот народ се поклонија пред духовното оружје, кое е слава на Црквата и поткрепа на верните. На Литургијата, Митрополитот г. Пимен благоволи и го ракоположи досегашниот ѓакон Ненад Јованов во чин свештеник, за потребите на Европската епархија при МПЦ-ОА. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Пимен одржа пригодна беседа.