Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден

Зоран Богоевски 21.05.2026

На 21.05.2026 година, Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во храмот „Вознесение Христово“ во с. Јелошник, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата Митрополитот г. Јосиф ги благослови славските лебови, а потоа се обрати кон верните чеда со пригодна беседа по повод празникот.