Зрелосниот испит за матурантите при Македонската православна богословија ,,Св. Климент Охридски"-Скопје
На ден 28.05.2026 година започна зрелосниот испит за матурантите при Македонската православна богословија ,,Св. Климент Охридски"-Скопје. Овогодишен пратеник, претставник на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква е Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој заедно со ректорот на Богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, по редовната седница, на која меѓудругото се разгледа постигнатиот успех на учениците за учебната 2025/2026 година, се пристапи кон писмениот дел од полагањето на матурскиот испит.
Овогодинешните теми за писмена работа за матурскиот испит во МПБ, кои ги определи САС на МПЦ се следниве: Мојсеевиот и Христовиот закон, Црквата и нејзината улога во спасението на човечкиот род, Мисионерското дело на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј.
