Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Cвети бесребреници Козма и Дамјан

Зоран Богоевски 14.11.2026

На 14 ноември 2026 година, на празникот на светите бесребреници Козма и Дамјан, во храмот „Свети Наум Охридски“ во Малме, Шведска, беше отслужена Света архиерејска литургија по повод 20 години од интронизацијата на Митрополитот Европски г. Пимен.
Со Литургијата чиноначалствуваше надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
На богослужбата, покрај многубројниот верен народ, присуствуваа и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, и директорот на Агенцијата за иселеништво г. Горан Ангелов.
По повод јубилејот, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, упати поздравно слово со честитки до Митрополитот г. Пимен. Словото со благослов на Архиепископот го прочита Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Целото поздравно слово можете да го прочитате тука