На 06.09.2026 година, во четиринаесетта недела по Педесетница, во Македонската Православна Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево, се богослужеше света архиерејска Литургија и призив на Светиот Дух за почеток на новата учебна година.
На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на учениците, за да можат со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.
Со благослов на Митрополитот и ректор на Македонската православна богословија, г. Агатангел, во оваа пригода Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф ја произнесе следната беседа која може да ја прочитате тука ...
Призив на Светиот Дух за почеток на новата учебна година
Зоран Богоевски
06.09.2026
1 / 6