Богојавление – Водици

На 19.01.2019 година, кога црквата го слави Богојавление – Водици, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беше извршен Богојавленски водосвет во Тетово и Гостивар. На литругијата беседеше Митрополитот г. Јосиф, беседата може да ја прочитате тука....