Богојавлението Господово (Водици)

19.01.2025  денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово (Водици), со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. По Литургијата беше извршен Голем водосвет,а потоа митрополитот со свештенството и бројниот народ во литија се упатија кон мостот „Слобода“, кадешто митрополитот г.Јосиф ги освети водите на реката Вардар, положувајќи го во нив чесниот Крст.Проповедта на митрополитот г.Јосиф може да ја прочитате тука...