Недела 4 – та по Педесетница, св. Бесребреници Козма и Дамјан

На 14.07.2019 година, Недела 4 – та по Педесетница, св. Бесребреници Козма и Дамјан, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, изврши освет на нова црква посветена на „Св, Ѓеоргиј Победоносец“ – с. Јегуновце, на местото Пештер. По осветувањето надлежниот владика со свештенство од Тетовско-гостиварска епархија ја отслужи и првата литургија во ново осветениот храм. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата митрополитот ги благослови кумските лебови.

На литургијата беседеше Митрополитот г. Јосиф, беседата може да ја прочитате тука.....