„Св. Наум Охридски Чудотворец“
На 03.07.2019 година, на празникот „Св. Наум Охридски Чудотворец“ во манастирот посветен на денешниот славеник на Попова Шапка, Надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, богослужеа Света Златоустова литургија. Литургијата со своето пеење ја збогати хорот „Менада“ од Тетово под раководство на проф. д-р Ивица Зорич. По литургијата беа благословени кумските лебови. Манастирскиот одбор како и секогаш со многу љубов и внимание за сите присутни приреди трпеза на љубовта.
На литургијата проповедаше Митрополитот г. Јосиф, проповедта може да ја прочитате тука....