Св. пр.Илија – Илинден
На 02.08.2018 година, Св. пр.Илија – Илинден, Митрополитот Европски г. Пимен на покана на надлежниот архиереј на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, чиноначалствуваше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир, во сослужение на свештеници од Европската и Тетовско-гостиварската епархија. По литургијата се одслужи и панихида во спомен за сите починати за татковината. На литургијата покрај многубројниот народ присуствуваше и директорот на комисијата за верски заедници и религиозни групи г. Даријан Сотироски. На литургијата по прочитаното Илинденско послание, беседа имаше и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Беседата може во целост да ја прочитате тука....