Св.Пророк Илија - ИЛИНДЕН

На 02.08.2024 - Св.Пророк Илија-ИЛИНДЕН, во храмот св. Никола-Крушево се отслужи света литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на надлежниот епархиски митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На светата литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Литургијата, беше отслужена Панихида за сите паднати борци и бранители на Татковината. На литургијата и панихидата присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Своја беседа по прочитаното евангелие имаше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Беседата можете да ја прочитате тука....На крајот од литургијата се прочита и Илинденското послание испратено од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА. Посланието можете да го прочитате тука... Повеќе на сајтот на Крушевско-демирхисарската епархија.