Тринаесеттата седмица по Педесетница
На ден 03. 09. 2023 година, во тринаесеттата седмица по Педесетница, во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан богослужеше Светата Литургија во сослужение на надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и на свештеници од Тетовско-гостиварската, Скопската и Брегалничка епархија.
На Божествената литургијата верниот народ се причести со светите тајни. По литургијата се освети новиот фрескоживопис во Соборниот храм на чие зографисување изминатите години работеа проф. Венко Цветков и проф. Зоран Бошковски. Осветувањето на фрескоживописот се изврши во јубилејната година кога се навршуваат 120 години од поставувањето на камен темелникот за изградба на Соборниот храм Тетово (1903-2023).Беседата на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во целост може да ја прочитате тука…