20.09.2026 Во Шестнаесетата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица" во с. Дуф - Маврово. Пред Литургијата се изврши и менување на Страчица на Светиот Престол во олтарот на целосно реновираниот храм. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На самиот крај, Митрополитот г. Јосиф се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа која може да ја прочитате тука...
Шестнаесетата недела по Педесетница
Зоран Богоевски
20.09.2026
1 / 8