Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

„Св. Наум Охридски Чудотворец“

Зоран Богоевски 03.07.2019

На 03.07.2019 година, на празникот  „Св. Наум Охридски Чудотворец“ во манастирот посветен на денешниот славеник на Попова Шапка, Надлежниот епархиски архиереј  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен,  богослужеа Света Златоустова литургија.  Литургијата со своето пеење ја збогати хорот „Менада“ од Тетово под раководство на проф. д-р  Ивица Зорич. По литургијата беа благословени кумските лебови. Манастирскиот одбор како и секогаш со многу љубов и внимание за сите присутни приреди трпеза на љубовта.

На литургијата проповедаше Митрополитот г. Јосиф, проповедта може да ја прочитате тука....