Благодарствен молебен
Во годината во која како Македонска Православна Црква славиме 1000 год. постоење на славната Охридска Архиепископија, денес на 24.05.2018 на денот кога си спомнуваме за светите равноапостолни оци наши Кирил и Методиј, беше отслужен благодарствен молебен на гробот на светителот. Со молебниот началствуваше и проповедаше Европскиот митрополит Пимен во сослужение на митрополитот Тетовско Гостиварски Јосиф и митрополитот Кумановско Осоговски Јосиф и свештенството од италијанските намесништва.
На чинот присуствуваа премиерот на Р. Македонија г-дин Зоран Заев,премиерот на Р.Бугарија г-дин Бојко Борисов, министрите за внатрешни работи и култура г-дин Оливер Спасовскии, г-дин Роберт Алаѓозовски претседателот на комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски,претставници на БПЦ, и бројни претставници на дипломатскиот кор и верниот Македонски народ.
Беседата може да ја прослдите тука...