Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници
На 01.04.2018 година, шеста Недела на Великиот пост – Цветна, Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата според типикот беа благословени и палмовите гранчиња. На крајот од литургијата Митрополитот произнесе соодветна празнична беседа која може да ја прочитате тука: