Вознесението Христово
На 21.05.2015 година, кога Црквата го слави Вознесението Христово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Златоустова Литургија со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ - Гостивар. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот освети камен темелник за нов храм посветен на „Св. Климент Охридски“, во с. Пожаране – Гостиварско. Ктитор на храмот е г. Гоце Томески и благочестивите христијани од с. Пожаране – Гостиварско.