Интервју со Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф: Сите да Го сведочиме Христа Воскреснатиот
Во оваа прилика, на наше и ваше огромно задоволство ќе ја имамe можноста преку следново интервју одблиску и отворено да се запознаеме и да дознаеме нешто повеќе за личноста на Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, за неговата мисија и служба во Македонската православна црква – Охридска архиепископија, за неговиот живот и навики, за суштински проблеми на Православната црква во современиот свет, за црковната мисија кај младиот човек, за семејството и за родителската одговорност кон своите чеда…
Проследете го интервјуто…
Сите да Го сведочиме Христа Воскреснатиот
1 – Високопреосветен владико, Ве молам накратко претставете им се на нашите читатели? Кој е поточно Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф? Најпрво сакам да Ви се заблагодарам Вам за поканата и за овој прекрасен разговор.
Јас сум член на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква –
Охридска архиепископија. За неколку месеци ќе наполнам пет години како раководам со Тетовско –
гостиварската епархија. Претходно една година година бев викарен Епископ со титула Велички. На таа позиција дојдов од Бигорскиот манастир, каде што бев замонашен и живеев цели десет години. Дипломски студии завршив на Православниот Богословски факултет во
Скопје, а претходно средно Богословско училиште и Основно образование завршив исто така во Скопје, каде што сум и роден во 1982 година.
2 – За само некој месец ќе се навршат 6 години од Вашата хиротонија за епископ, а исто така на 3 ноември оваа година ќе наполните и 5 години од Вашата интронизација на тронот на новоформираната Тетовско – гостиварска православна епархија како нејзин прв митрополит. Оваа година е и доста значајна за Тетовско-гостиварската епархија, која ќе го одбележи јубилејот 5 години од своето основање. Како надлежен архиереј сиве овие години, со какви се предизвици се соочивте, што остваривте, а што Ви претстои во иднина да направите?
Точно така, во месец ноември минатата година поминаа четири години од мојата интронизација како прв Митрополит Тетовско –
гостиварски на новоформираната Тетовско –
гостиварска епархија, а оваа 2018 година е јубилејна и за мене, но и за епархијата. Јубилејот пет години од основањето на епархијата е мал за остварување на големи резултати, но тоа време што измина беше доволно да се етаблира, да се воспостави организација за функционално црквување на просторите каде живеат православните христијани, па сега во следниот период можеме слободно да преминиме кон една нова повисока фаза на делување и мисија. Во изминативе пет години успеавме да направиме доста работи. Уште од самиот почеток, бидејќи епархијата беше новоформирана, освен пастирските дејности имаше и голем број административни работи. Направив свој тим, секојдневно освен што богослужев и проповедав низ храмовите, ги посетував и сите храмови и црковни општини низ епархијата, остварував бројни средби со верниците и низ разговор не само што ги решававме проблемите, туку и изнајдувавме заднички нови идеи за развој на епархијата. Така успеавме да ги обновиме и реновираме старите храмови, ставивме бројни камен-темелници, се изградија неколку цркви и манастири. Но она што мене најмногу ме радува е што успеавме да обезбедиме услови за подобар литургиско –
богослужбен живот на народот. Исто така успеавме да го формираме епархиското списание „
Огледало“
, а сега го
подготвуваме и новиот број. Епархијата посвети сериозно внимание и на хуманитарната мисија и на многу други проекти. Откако ја поминавме првата фаза во овие пет години, како што напоменав во иднина можеме да поминиме во следната повисока фаза на делување. Во иднина ни останува уште поголема работа. Планираме да ја засилиме мисионерската, градителската и просветно-издавачката дејност. Во прв план, конечно се надевам дека ќе го обновиме Лешочкиот манастирски комплекс, кој заслужува да блесне во ново руво. Ќе продолжиме да градиме нови храмови –
се разбира таму каде што има потреба, старите, пак да ги обновиме, ќе се потрудиме да развиеме побогата издавачко –
просветна и хуманитарна дејност, да воведеме веронаука во поголемите храмови, како и да оствариме серија на трибини и предавања и итн.
3 – Сега ако дозволите сакаме да дознаеме како Митрополитот г. Јосиф го поминува слободното време, ако доколку и такво време има покрај сите активности во епархијата?
Секако дека ќе дозволам…
Животот на еден владика и не е некоја мистерија, сепак и владиката пред сè
е човек и покрај тоа што повеќе од времето го поминува со својата паства: со свештенството и верниот народ, тој има потреба и од време за одмор, од време за себеси…
Се трудам колку што ми дозволуваат ангажманите, во таа цела агенда на активности, кои ми произлегуваат од мојата служба –
да најдам слободен простор и за себе. Слава на Бога што пред сè
со Негова помош и со помошта на моите соработници, на мојот тим успевам да ги завршам сите мои активности навреме и барем при крајот од денот во ноќните часови да си посветам внимание на себеси. Во слободното време секогаш гледам да се релаксирам, освен духовно и телесно, бидејќи човекот е психосоматско битие. Така еден дел од тоа време, освен за тихување го трошам во вежбање, бидејќи за здравјето на телото е од особено важна физичката активност. Не само од телесна, туку и од духовна страна тоа е доста важно за постигнување на рамнотежата која треба да ја имаме секој човек помеѓу своето тело и својот дух –
за што ни сведочи и познатата фраза: „
во здраво тело –
здрав дух“
. Освен што вежбам, во тоа време сакам и да прочитам некоја добра книга. Знам често да отидам во
посета на манастирот во Попова Шапка, каде уживам во убавините на природата. Посетувам редовно театар и кино. Поминувам доста од тоа време и со моите пријатели…
4 – Кажете ни нешто повеќе за тоа која е вашата омилена театарска претстава и филм?
Несомнено љубител сум на театарската и на филмската уметност. Често ги посетувам нашите театарски институции и кината. Можете да ме сретнете во Македонскиот народен театар, во Драмски, во кино Милениум или пак во некоја друга кино сала, каде уживам и каде се инспирирам од уметноста, која на еден специфичен начин ни дава значајни пораки. Го сакам театарот, бидејќи, според зборовите на Вилијам Шекспир „ целиот свет е сцена“ и според тоа сите ние на еден начин сме актери, но театарот е тука да нè потсети дека „ секој човек си има свој свет и дека тој свет треба да се почитува“ како што спомнува често нашиот голем режисер Милчо Манчевски. Токму затоа за мене вистинска уметност е таа чии што пораки се слободни и вистинити, пораки кои ја содржат и ни говорат за љубовта, ни даваат идеи и слободен воздух за враќање во нормала. Сакам драми, па како омилена театарска претстава би ја издвои драмата „ Вујко Вања“ од рускиот драматург Антон Павлович Чехов. Претставата ни дава слика на „ луѓе кои залудно го потрошиле животот“ и на еден начин после гледањето на оваа драма не верувам дека некој не се замислил за тоа како ќе го промени својот живот во иднина, дали истиот ќе го помине во затишје или ќе превземи чекори за личен и општествен напредок. Што се однесува за филмската уметност – мој омилен филм е „ Сибирскиот берберин“ од режисерот Никита Михалков.
5 – Спомнавте дека во слободното време и читате, какви книги читате?
Освен духовната литература, која секојдневно ја ползувам, читам и светски литературни дела – познати бетселери. Често знам да посетам некоја книжарница и да си купам некоја книга и тоа дали по личен вкус или по препорака на некој мој пријател. Доста книги сум добил како подарок. Во Митрополијата во Тетово, како и во Лешочкиот манастир
имам лична библиотека, која брои доста наслови. Изминатиов период, заради моите докторски студии особено внимание посветувам во читање на научна литература потребна за моите студии. Сепак во последен период балансирав со времето и го прочитав романот „
Беатриче и Вергилиј“
од Јан Мартел. Таа книга ми е особено драга, бидејќи ја добив на подарок од еден драг пријател и дека зборува за тешки теми и важни прашања на еден непретенциозен, но суштински начин. Сум читал дела и од големите писатели: Достоевски, Чехов, Коељо итн. Читам и психолошки книги и кога се работи за ваков тип на литература омилен ми е австрискиот невропсихијатар Виктор Франкл. Од нашите писатели редовно ги читам делата на нашиот упокоен книжевник Петре М. Андреевски. Ја сакам поезијата на Рацин.
6 – Годиниве што изминаа беа значајни за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Предминатата 2016 година го славевме јубилејот 1100 години од упокојувањето на нашиот патрон Свети Климент Охридски. Минатата година изминаа и 50 години од возообновувањето на Охридската архиепископија, односно од прогласувањето на автокефалноста на МПЦ и по тој јубилејен повод имаше низа на свечености. Годинава, пак повторно МПЦ-ОА ќе одбележи нов значаен и редок јубилеј „ 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија (1018 – 2018)“ и „ 60 години од обновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква на Вториот македонски црковно-народен собор во Охрид (1958-2018)“ . Да ни кажете нешто повеќе за значењето на овогодишните јубилеи и за тоа како годинава истите ќе бидат одбележани?
Тргнувајќи од зборовите на големиот историчар Иван Снегаров, кој потекнува од нашиот Охрид, дека: „
Историјата на Охридската црква е историја на духовна сувереност на Македонија“
–
само оваа реченица доволно сведочи дека станува збор за исклучително важен јубилеј, кој со своето значење не само што е голем за нашата Црква, туку и за нашата држава. Од друга страна, треба да забележиме дека ретко која генерација и кој народ и Црква можат да се пофалат и да дочекаат ваков милениумски јубилеј. Ете ние, нашата генерација дочека да бидеме една од најсреќните генерации што успеавме да ја доживееме оваа голема историска радост –
овој значаен и редок јубилеј како што и самите Вие
напоменавте во прашањето. Но, оваа година имаме и друг јубилеј, иако помал по години, но во значење –
и тој не е ништо помал од првиот јубилеј. Затоа нашата радоста е уште поголема, бидејќи пред 60 години, нашите архиереи и народот боговдахновени од Светиот Дух за време на Вториот македониски црковно-народен собор успеаа да ја возобноват Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Знаејќи ја големата важност на овогодишните јубилеи, водени од вечните аманетите на нашите претци и од грижата кон нашата света историја испишана со многу маки и крв, Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква –
Охридска архиепископија на својата редовна седница одржана на 13 март оваа година донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија. На седницата се одлучи централното одбележување да се одржи во Катедралниот храм на охридските архиепископи „
Св. Софија“
во Охрид на 27-28 мај. На уште поголема радост, откако МПЦ-ОА информира дека овој милениумски неповторлив јубилеј има голема важност за Република Македонија и за цела Европа, на предлог на Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, Влада на Р. Македонија на својата редовна 63-та седница одржана на 10. 04. 2018 година, разгледувајќи го предлогот –
посочи дека односот на државата кон историски значајните датуми и настани, како и достоинственото одбележување на истите е особено значајно и во јавен интерес и ја усвои информацијата и барањето на КОВЗРГ за одбележување на милениумскиот јубилеј 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија од страна на државата, бидејќи древната црква цел милениум ги поврзува историските епохи и луѓето со кои заедно минувала низ многу премрежија. Исто така, освен Владата на Р. Македонија чествувањето на овој јубилеј ќе биде и под покровителство на Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов. Колку што сум запознаен веќе е формирана работна група, во која членуваат повеќе институции, кои ја подготвува програмата за прославата. Тоа е што се однесува за овогодинешното одбележување, така да единствено што останува да упатам отворена покана до нашиот народ на 27 и 28 мај да дојде во Охрид и со своето присуство да го омасови ова празнично јубилејно торжество. За овие дни многу генерации сонуваа, па сега сакам да го посочам и сметам дека треба да го знае секој член на нашата Црква, и да го практикува следното: Нашите генерации
кои го доживеаа и кои го одбележуваме овој јубилеј, чиј настан на одбележувањето –
самиот по себе е историски –
треба и имаме света должност и одговорност не само да го го прославаме и одбележуваме овој јубилеј достојно и онака како што прилега, туку и во иднина потребно е на нашите млади генерации да им оставиме дела, кои ќе сведочат и ќе ги поттикнуваати во далечната иднина –
да слават уште поголеми јубилеи…
7 – Како денес да го омасовиме присуството на верни во нашите храмови и да ги привлечеме кон прегратките на Светата Црква – младите луѓе кои се соочуваат со различни предизвици и пороци? Знаејќи дека во фокусот на Вашата црковна мисија Ви е младиот човек, Ве прашуваме: Црквата во таа насока во кои правци треба да делува и да ја води својата мисија?
Во ова време на духовна и егзистенцијална криза не е воопшто лесно да се врати автентичниот христијански живот, но сите проблеми на денешницата треба да бидат предизвик за секој од нас, посебно за клирот (свештенството), но од мисијата на Црквата не треба да е исклучен ниту лаосот (верниот народ), бидејќи сите ние сме повикани како Црква заедно да мисионериме. Црквата кога страда, кога е распната како денес и кога мисионери –
таа е најживотворна. Во голема мера кривицата за тоа што многу луѓе не знаат за Христос е наша. Многубројните светски искушенија не се далеку ни од свештенството, па ни од народот, но мораме да вложиме сè
од себе и да ги повикуваме оние, кои страдаат, кои незнаејќи за Христа Господа лутаат по метежот, кој владее во светот. Особено треба да ја зголемиме мисијата кај младиот човек. Како една од главните цели, кои си ги зацртав со моето доаѓање за митрополит на овие простори е мисијата, односно воцрковувањето на младот човек. Јас уште пред да станам епископ, како јеромонах во Бигорскиот манастир секојдневно имав прилика да се сретнувам со млади луѓе, кои страдаа и Го бараа Бога, но сега како митрополит и надлежен духовен отец, гледам кога и да ми се даде прилика да се доближам до младите и дружејќи се со нив одблиску да се запознаам со нивните искушенија и проблеми. Постепено успеав со многумина млади личности и да се спријателам и така градејќи личносни релации без притоа длабоко да влијаам преку проповед, не надметнувајќи им верски правила, знаејќи дека во слободата се
крие љубовта, многумина од нив постепено само заинтересувајќи се, чекор по чекор, сега веќе станаа блиски со Црквата, доаѓајќи на богослуженија, исповедувајќи се и секако причестувајќи се со Христовите тајни. Што се однесува до правците и насоките во кои треба да се движи мисијата на Црквата –
како решение во надминувањето на проблемот со номиналните христијани, според мене најважно е епископот заедно со свештенството и верниот народ сите заедно активно да се трудат да ја откриваат и проповедаат тајната на побожноста едни на други и тоа најпрво преку свој личен пример, учествувајќи во црковните богослуженија, првенствено со Светата Литургија, каде се живо се проповеда и принесува самиот Христос нашиот Спасител. Особено на младиот човек му е потребна жива проповед, т.е. да го видат тоа што го проповедаме во животот на проповедникот. Исто така во оваа прилика апелирам и до родителите и кумовите да посветат сериозно внимание и љубов кон своите телесни, односно духовни чеда, бидејќи како што напоменав од црковната мисија не е исклучен никој, сите заедно сме повикани да Го проповедаме Христа на оние кои сеуште се во Негова потрага. Во насока на црковната мисија мислам дека од особена важност и потреба е што поскоро да се организираат семинари, трибини, конференции. Да се продолжи и засили издавачко –
просветната дејност, преку формирање книжарница и преку промоции на новите изданија. Интернетот и социјалните мрежи се добро поле за современа мисија. Исто така и медиумски дискурс да се развие. Ни фали радио, па и тв –
програм на кој ќе се емитуваат разни емисии со православна тематика. Од исклучителна важност што се однесува пак за мисијата кај младите е веронауката, која освен во храмовите треба и во училиштата да се воведи како задолжителен предмет. Мислам дека сиве овие идеи би допринеле за подобра и поуспешна мисија во надминувањето на проблемот со невоцрковените (номинални) христијани и дека би се зголемило присуството во храмовите.
8 – Ги спомнавте и родителите и духовните родители – кумовите, кои уште во самото семејство треба да создадат соодветна воспитно верска клима… Денес во светот има многу побожни семејства, но и многу семејства имаат сериозни проблеми,надворешни и внатрешни. Како родителите треба да се однесуваат во односот кон децата, каква позиција треба да завземат?
Родителите не смееат да ги заборават црковните завети. Треба да посветат голема грижа за своите деца. Свети Лука Кримски вели: „ Родителите ќе одговараа пред Бога за своите деца“ . Токму затоа и родителите и кумот, кој е духовен родител на детето, треба уште од најмала возраст да му посветат внимание на детето сè со цел тоа да восприеми и инкорпонира добри морални особини за да во иднина биде од корист за општеството и црквата. Нивниот однос треба да биде љубовен и воспитувачки. Денес родителството добива една поинаква слика. Многумина родители, често немаат време за своите деца, па се добива впечаток дека тие од мали ги оставаат сопствените деца сами на себе. Кога го прашале Наполеон: „ Што е потребно на Франција?“ – Тој знаејќи ја големината и важноста на воспитанието на децата за иднината на светот, рекол: „ На Франција ѝ се потребни мајки!“ . Родителите треба да бидат пример за децата. Исто така и свештените лица треба да бидат пример. Денес нажалост малку луѓе одат во храмовите, но родителите треба да посветат сериозно внимание на тоа, бидејќи родителот носи одговорност за духовниот живот на детето уште од најмала возраст. За да заодат на патот на спасението, децата мораат да го засакаат Православието и Црквата. Ако родителите се потрудат за своите деца, тогаш и Господ ќе им помогне. И кога Он ќе ги повика, кога ќе стојат пред Небесниот Отец, да речат: „ Еве, јас и децата кои Господ ми ги даде“ (Исаија 18,8). Се разбира, и јас знам дека и на родителите не им е толку едноставно. И, децата треба да бидат добри, но тие некогаш се наоѓаат во лошо, безбожно општество, и таму, дури и несвесно, стануваат порочни и заблудени. Но, трпението е неопходно. Затоа трпеливо треба и родителите и кумовите и свештениците да вложиме поголеми напори, пред сè душегрижнички за нашите потомци.
9 – За крај, Ваше Високопреосвештенство, која пастирска порака би сакале да им ја испратите на нашите читателите?
Пораката до читателите е да бидат пред сè
добри луѓе и секако добри верници, кои ќе го чуваат Православието, бидејќи за христијаните тоа е единствена вистина и единствена прилика за спасение на светот, кој залутал. Секогаш внимание да посочуваат на сопствена душа, на нејзиното очистување и спасение. За свој пример да Го имаат Христа Бога, бидејќи во Него човекот добил повеќе отколку што изгубил во Адама, а Царството небесно, кое го дава Христос е подобро од Адамовиот земски рај. Затоа, често да размислуваат која чистота треба да ја стекне човека за да влезе во тоа Царство. Да не го оставаат своето спасение за покасно, ниту да се надеваат дека ќе се очистат пред смртта или дури во мигот на смртта, бидејќи за тие кои кажуваат „
покасно“
тоа никогаш нема да дојди. Поради тоа да се загрижат за своето спасение сега, додека сеуште можат да кажат „
сега!“
.
26. 04. 2018
Интервју со митрополитот Тетовско –
гостиварски г. Јосиф за порталот „
Digtal News“
Разговарал: Петар Стојковски