Првата среда од Великиот пост

На 21.02.2018 година, во првата среда од Великиот пост во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј - Тетово„ се отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови. Со литургијата началствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение, со свештеници од Тетовското намесништво протопрезвитер Марјанчо Мадевски и презвитер Александар Стојаноски. Православните христијани кој со пост, молитва и исповед се подготвуваа во изминативе денови, пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.