12 Страдални Евангелија
На 13.04.2023 година, во светиот и Велики Четврток (12 Страдални Евангелија), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво, богослужеа утрена и ги читаа 12 – те Страдални Евангелија и според типикот беше изнесено и поставено распетието на средината од храмот.