17 седмица по Педесетница
Во 17 седмица по Педесетница во соборниот храм пресвета Богородица -Гостивар ,надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г Јосиф богослужеше света литургија.Митрополитот г.Јосиф говорејќи за денешното прочитано свето евангелие (Мат 15:21-28) истакна дека настанот со жената Хананејка нè принудува да направиме една паралела меѓу тогашниот и денешниот свет и неговиот поредок. Иако феникиската земја била пребогата за тогашните прилики, сепак, таа била осудена на пропаст, заради морално – духовниот пад и заради непознавањето на вистинскиот Бог. И денес многу светски велесили, иако уживаат во своите земни наслади, сепак, се уништуваат во сопствената ерозија, само и единствено заради кризата во моралните принципи и нарушувањето на Божјите заповеди.