9та недела по Педесетница

На 18.08.2019 година, Претпраз. на Преображение, св. мч. Евсигниј, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.