V акатист на Пресвета Богородица
На 23.03.2018 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи V акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Томислав Јосифоски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Жарко Мицкоски, протопрезвитер Марјанчо Мадевски презвитер Александар Стојаноски, и ѓакон Илија Деспотовски. По богослужбата беше поделено Петолебието на верниот народ.