Ce впиша во диптихот на светиите светата Стефанида Битолско-Скадарска
30.06.2024 Во Соборниот храм „Св. Димитриј“ во Битола, се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј во сослужение на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан. На Божествената Литургија сослужуваа високопреосветените и преосветени архиереи: Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Архиепископ цетински и митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј, Архиепископ Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешка и Словачка, Архиепископ и митрополитот Рашко-призренски г. Теодосиј, Архиепископ и митрополитот Зворничко-тузлански г. Фотиј, митроплитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, митрополит Европски г. Пимен, митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, вомировен Кумановско – осоговски г. Јосиф, епископите Новобрдски г. Иларион,г.Петар Топлички,г.Нектариј Јегарски,г.Алексеј Хвостански, Хераклејски г. Климент, Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Делчевско-каменички г. Марко, Дремвитски г. Давид, Стобиски г. Јаков, Велички г. Никола како и многубројни свештенослужители од сите епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. На предлог на Комисијата за канонизација на нови светители при САС, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, одлучи во диптихот на светиите да ја впише светата Стефанида Битолско-Скадарска. На оваа литургија беше обзнанена одлуката на САС-МПЦ за нејзино прославување. Повеќе на сајтот на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА.