Cвети Атанасиј Велики (летен)

На 15.05.2024 година, денот кога го прославуваме празникот на светиот Атанасиј Велики (летен), во храмот „Св. Атанасиј Велики“ Лешочки манастир, беше отслужена света литургија, на која молитвено присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот г.Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа на која меѓу другото истакна:Еве радост во Лешочкиот манастир.Еве денес го прославуваме еден од нашите молитвеници пред Бога покрај Мајката Божја која ќе ја прославиме во Август,и покрај св.Кирил Лешочки кој го прославивме во Март. Денеска го прославуваме светиот Атанасиј Велики.Вo дeнeшниoв дeн сe празнува прeнoсoт на нeгoвитe мoшти и чудата oд иститe. Го прославуваме оној кој ни дава пример како се живее во подвиг. Оној кој претрпел големи страдања заради верата и заради вистината. Оној кој бил учесник на Првиот вселенски собор, и кој дал најголем придонес во изобличувањето на погрешното аријанско учење и во формулирањето на догмата. Но, и покрај сите овие негови заслуги, тој, половина од своето епископување, ќе го помине во заточеништво, прогонство и во мака. Затоа, Бог го прослави и веќе XVII века светата Црква го прославува како голем подвижник и угодник Божји.Патот до Божјата вистина не е лесен. Тој е истиот оној пат преку кој Божјата вистина доаѓа во светот. Тоа е патот до Крстот.Заедницата која Го следи Христос мора со Него да појде и на Крстот, да пострада за вистината.  Невозможно е да ја најдеме и да опстојуваме во вистината и слободата, ако себе си не се предададеме на судот на Божјата вистина. Вистината и слободата нè водат и до љубовта. И денес многумина христијани, заради нивната вистина и слобода ќе бидат и се замразени од светот и дури ќе бидат гонети како светиот Атанасиј, но на крај христијанската љубов ќе победи. Љубовта секогаш победува – како што вистината е секогаш една. Да не се плашиме од вистината и правдата, туку да ги имаме во нашите срца и мисли. Нив да ги сведочиме и со нив да живееме и по цена на страдање, бидејќи: Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е Царството небесно! (Матеј 5,10).
Да ги упатиме нашите мисли кон животот на светиот Атанасиј, да го следиме и да ги упатиме нашите молитви кон него, да ни помага и да нè насочува кон вистинскиот пат до спасението, да ни биде наш закрилник пред Бога за да ни даде благодат да издржиме во страданијата и борбата против лагите и невистините од овој свет, та да го здобиеме ветеното царство, кое не е од овој свет, а кое е подготвено за оние од овој свет, кои неизмерно ја засакаа правдата и вистината. Амин!
За многу години, нека е празникот, а на оние кои го прославуваат споменот на светиот Атанасиј – нека им е вечна славата!