Cвети Ѓорѓи Кратовски

 24.02.2023 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Повардарски г.Агатангел во сослужение на надлежниот митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,  служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, беше осветен славскиот колач.