Cветите Четириесет Севастиски маченици (Младенци)

22.03.2022 год. Кога го празнуваме  споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи литургија на претходноосветени дарови во храмот посветен на Свети Никола-Тетово. Во својата беседа говорејки за житието на овие свети маченици меѓудругото митрополитот г. Јосиф истакна: Историјата на светот и човештвото не познава посмели подвизи од подвизите на нашите свети маченици, кои со радост и со песна на устата тргнувале во смрт за својот Искупител. Да се учиме од сè она што Господ ни го предал преку светите маченици во Неговата Црква, да го примиме и ние нивниот благослов, кој ќе ги освети и нашите семејства, и нас ќе нè направи учесници во несоздадената благодат на Царството Небесно. Вистинити се зборовите на апостолот дека „сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети“ .Нека е слава и пофалба на светите Четириесет Севастиски маченици, на нивната голема жртва која родила богат и благословен плод. По литургијата беше осветена новата камбана.

Подготвил вест за ТГЕ - Зоран Богоевски