Деветнаесетта недела по Педесетница

19.10.2025 Деветнаесетта недела по Педесетница, св. ап. Тома, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа.