Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски во официјална посета на Тетовско-гостиварската православна епархија

На ден 9. 10. 2018, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во својот кабинет во Митрополијата го прими Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, кој со своите соработници: рак. сек. Зорица А. Ковачевиќ и пом. сор. Петар Петковски е во официјална посета на Тетовско-гостиварската православна епархија. По приемот беше посетена галеријата на икони при Соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. Потоа беше посетен храмот Свети Атанасиј Велики во општината Брвеница. Митрополитот г. Јосиф го запозна Директорот на КОВЗРГ со проектот за реконструкцијата на храмот, која е веќе во тек. Исто така Директорот беше информиран за некои проблеми во врска со текот на реализација на проектот за целосна санација на храмот. Директорот од своја страна го нагласи значењето на овој проект за жителите на општина Брвеница и истакна дека отворено може во секое време да се смета на поддршка за секое позитивно дело.