Дваесет и втората недела по Педесетница

05.11.2023  Дваесет и втората недела по Педесетница, во Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ - Скопје, со благослов и во молитвено присуство на Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, света литургија богослужеше Mитрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со светите тајни. На литургијата пееше познатиот и реномиран хор на соборниот храм Архангели на Српската православна црква.