Дваесетата недела по Педесетница
07.11.2021 Во дваесетата недела по Педесетница,Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше и проповедаше на светата литургија во соборниот храм пресвета Богородица-Гостивар.Верниот народ се причести со светите тајни.По прочитаното свето Евангелие на литургијата Лука 7глава-11:16 стих митрополитот г.Јосиф меѓу другото нагласи :Со зборовите кон вдовицата„Не плачи!“ денес Христос се обраќа до секоја мајка и до секој еден од нас, кој загубил некој од своите ближни. Да не плачеме, зашто ќе воскреснат нашите синови, ќерки, браќа и сестри, родители… Да не плачеме, зашто сите ние, еден по друг, ќе умреме, но и ќе воскреснеме за да се сретнеме повторно еден со друг во Царството Небесно.