Епархискиот управен одбор на Тетовско-гостиварската епархија

На 24.01.2023 година, во Лешочкиот манастир, беше одржан редовниот состанок на Епархискиот управен одбор на Тетовско-гостиварската епархија. На состанокот беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2022 година, а беше одобрен и Предлог буџетот на Епархијата за 2023 година. Исто така, беа разгледани и повеќе пристигнати писма и акти,  а се отвори тема и по повеќе прашања, поврзани со животот на Епархијата.